За нас

  • PDF

 

Лунa Комерц дооел е основана 1991 година и од тогаш успешно се бави со откуп, сортирање,  конзервирање и продажба на сите видови сирови кожи и непрана овча волна на домашниот и странскиот пазар.

Во овие 26 години имаме воспоставено одлични односи со добавувачите и купувачите. Со постојаното подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги ја стекнавме довербата кај нашите клиенти во странство. Поголемиот промет на нашата фирма се однесува на извозот во Италија, Турција, Германија, Франција, Англија, Шпанија, Полска, Чешка, Словачка, Грција,  Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Тајланд, Кореа, Кина и Индија.

Луна Комерц со својата политика на висока професионалност во работењето се етаблира како стабилен и сигурен партнер.

Луна Комерц моментално има 25 редовно вработени лица и располага со 3000м2 сопствен магацински простор, современ ладилник за складирање на кожи од 800м2 и сопствен транспорт за внатрешен промет.